„Бог не бара од нас повремени гестови на побожност, туку континуиран живот во вистината“ – Празнично интервју со сестра Ефимија од манастирот „Рајчица“
„Љубовта е подвиг – таа е доброволна жртва и распетие. Затоа, мојата желба за оваа Пасха е да го замолкнеме нашето себично јас, за да Му отстапиме простор на Бога. И на ближните. Нека не биде нашата волја, туку Неговата! Нека биде љубов – дејствена, социјално будна и пожртвувана. Само така Воскресението нема да биде обичен настан од минатото, туку жива реалност во нашите срца“ – стои во велигденската порака на Сестра Ефимија во интервјуто за Женски Магазин.
Велики Петок за многумина е најтажниот ден во христијанството – ден на Христовото страдање, но и на најдлабоката пројава на Божјата љубов. Ден кога целиот христијански свет е повикан да се соедини во љубовта кон Бога, онака како што и Тој самиот се воплоти и се жртвуваше за нас...
Дали можеме да се пофалиме дека сме нација која повторно го нашла патот кон Бога? Дали навистина нашите животи ги раководи вистинската вера и слободната волја што Христос ни ја подари или, пак, со нас раководат суеверијата и магиските ритуали останати од некое друго време, а слободната волја сме ја злоупотребиле до степен да заборавиме што значи љубов?
Ова се само дел од прашањата на кои ќе добиете одговор во интервјуто, а кои, се надеваме, ќе ве поттикнат празникот да го славите во духот на христијанството, без да западнете во искушение да го претворите во спектакл на телесното уживање.
ЖМ: Денес е Велики Петок – ден на тишина, молитва и покајание. Дали сметате дека како општество во изминатите децении успеавме да го вратиме чувството за светост и вистинското место на Бога во нашите животи? И според Вас, дали денес повеќе доминира искрената вера или суеверието? Ја поправивме ли штетата што ја остави минатото безбожно време?
Велики Петок е мигот во кој тишината станува најгласниот лелек низ историјата - тишина во која секое наше „зошто“ го наоѓа својот конечен одговор пред Крстот.
Тука, во страдањето на Богочовекот, се открива силата на Неговата љубов: онаа со која Он ја поразува секоја форма на земна моќ и насилство.
Тајната на оваа жртва нè соочува со сопствената совест, предизвикувајќи силен егзистенцијален претрес на нашето битие. Крстот веќе не нè прашува само дали веруваме или дали ги пазиме обичаите, туку нè соочува со суштинското: каде сме ние во голготската драма?
Токму оваа лична перспектива станува мерило и за искреноста на нашиот колективен идентитет.
Целото интервју на Женски магазин.