Бог да ја благослови Америка, порачува Кастриот Реџепи
Oткако претседателот на БЕСА, Билал Касами денеска го исклучи пратеникот Кастриот Реџепи, кој вчера не дојде во Собранието, иако требаше да се гласа доверба на Владата, пратеникот упати политичка порака на Фејсбук.
Реџепи го објави американското знаме и напиша „Бог да ја благослови Америка!
Инаку, Касами денеска го исклучи затоа што го нарушил имиџот на партијата. Спикерот Талат Џафери не ја исклучи можноста Реџепи да биде дел од мнозинството во Собранието. Инаку, Реџепи тврдеше дека неговите сопартијци му се заканувале, а тие не знаеја каде е и го пријавија во полиција за исчезнат.
Слично
