Бочварски: Превозникот злоупотребувал извод на лиценца од друго возило
Министерот за трансорт и врски, Благој Бочварски денеска на прес - конференција изјави дека „Беса транс“ поседувал две лиценци, за слободен превоз на патници во меѓународен сообраќај и оваа е одземена поради злоупотреба.
Истата компанија имала и лиценца за линиски превоз во внатрешниот сообраќај. Оваа лиценца е истечена. Опожарениот автобус, не е пријавен во единствената електронска база во Министерството за транспорт и врски.
Бочварски вели дека превозникот злоупотребувал извод на лиценца од друго возило.
Рече дека документацијата е предадена и во наредниот период ќе одговараат на барањата на обвинителството.
Слично
