Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бочварски потврди дека до крајот на неделата ќе има плата за вработените во општината и двете јавни претпријатија

Бочварски потврди дека до крајот на неделата ќе има плата за вработените во општината и двете јавни претпријатија

Обезбедени се средства за плати за околу 700 вработени во Општина Штип и во двете штипски јавни претпријатија. 

Тие на крајот од седмицата ќе добијат плата. Бочварски објаснува дека средствата се обезбедени без да се земаат позајмици или кредити. Парите се обезбедени од фирми кои должат на општината. 

„Можам да ги информирам јавноста и вработените дека денеска ќе биде пуштена платата до вработените во Општина Штип и ќе биде исплатена една фактура од Општина Штип кон ЈП „Стипион“, за да тие веќе утре можат да исплатат плата до своите вработени“ - вели градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Градоначалникот очекува утре да бидат собрани трите милиони денари, кои недостигаат за исплата на платите на околу 400 вработени во штипското комунално претпријатие „Исар“. Но, тој вели дека со ова не се решени сите проблеми. 

„Ова значи дека само со макотрпна работа, со одговорна и транспарентна работа ќе успееме со она за што се нафативме да го работиме, да ја стабилизираме општината. Но, ова значи дека и наредните месеци ќе се почуствуваат одредени турбуленции во работењето, но веќе нема да биде таков ударот каков што беше овој првичниот во Општина Штип“ - рече Бочварски.

Во изминатите денови Бочварски остварил контакти со фирмите со цел да излезат во пресрет на општината и да си ги платат долговите пред роковите кои им се дадени во договорите, со цел вработените да добијат плати. 

Слично

Поврзани вести