Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бочварски не знае кога ковид-центарот „Мала Богородица“ ќе ги добие потребните одобренија за работа

Бочварски не знае кога ковид-центарот „Мала Богородица“ ќе ги добие потребните одобренија за работа

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за денеска најави состанок поврзан со одобрувањето на потребните дозволи без кои новиот ковид-центар „Мала Богородица“, која веќе е опремена, не може да започне со приемот на пациентите.

Министерството за транспорт и врски како и Министерството за внатрешни работи по 10 дена од прогласувањето на кризната состојба ги немаат издадено потребните дозволи и одобренија за работа на приватните болници „Систина“, „Жан Митрев“ и „Неуромедика“ во новиот ковид-центар „Мала Богородица“ кој беше формиран во договор со министерот за здравство Венко Филипче.

- Можам да ја информирам јавноста дека ние денеска ќе имаме состанок на нашите работни тимови од Министерството за транспорт и врски и заедно со Министерството за здравство и со одреднеи општини каде што треба да се дискутира на оваа тема. Очекувам наскоро да имаме нови информации кои што се значајни за ова прашање, рече Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање.

До почетокот на оваа недела требаше да бидат завршени сите правни работи за да може поранешната болница „Мала Богородица“ да почне да ги прима првите пациенти болни од ковид кои се со средна тешка клиничка слика, а на кои им е неопходно болничко лекување.


Слично

Поврзани вести