Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бочварски: Филмскиот град како проект бара координација со Општина Карпош

Бочварски: Филмскиот град како проект бара координација со Општина Карпош

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, при денешната посета во Пробиштип, одгопварајќи на новинарско прашање рече дека треба да се доработат дополнителни детали за холивудскиот проект „Филмски град“ и дека Владата за тоа ќе се координира со Општина Карпош.

- До комисијата при Влада беше доставено такво барање за проект од страна на неколку компании. Тоа барање беше препратено до Министерството за транспорт и врски и кај нас се формираше оперативна група и комисија која одржа еден прв прелиминарен состанок кој што првично ги разгледа документите. Во текот на денешниот или утрешниот ден групата ќе го испрати овој допис до Владата и ќе ја информира за тоа каква е документацијата, што е потребно дополнително да се појасни во однос на овој проект и ќе треба да се дискутира, рече Бочварски.

Според министерот, ќе бидат потребни дополнителни координации со Општина Карпош поради тоа што земиштето е на тамошната територија. 

- Општина Карпош ќе треба да има уште еден состанок со сите надлежни институции,  Агенцијата за катастар за недвижности, и сите оние прашања кои што ќе се јават да ги расчистиме со цел навремено да ја информираме Владата за идните чекори и постапки, за кои ќе информираме наредниот период, додаде Бочварски.

Тој изјави дека не сака да споменува рокови, затоа што треба „да се има јасна слика на терен“.

- На таа микро-локација на инвеститорот веќе има на сила изработен и донесен Детален урбанистички план на Општина Карпош и затоа треба со нив да ја разгледаме целата постапка, да не има некое приватно земјиште, кориснички права, затоа што во скеој проект се важни имотно-правните прашања, смета Бочварски.

На крај, како што рече, на владината комисија, предводена од вицепремиерот Фатмир Битиќи, ќе се разговара за финалниот став откако ќе бидат готови сите документи.

Слично

Поврзани вести