Бочварски: Филипче вози „Шкода Суперб“
Пратеникот Благој Бочварски во поткастот „Претрес“ рече дека партискиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, вози „шкода суперб“, со која доаѓа во Собранието како народен избраник. Тој рече дека нема такво сознание дека неговиот партиски претседател има добиено „ауди q8“ на лизинг од фирмата Зобек Мининг.
- Во Собранието доаѓа со „шкода суперб“. Тој веќе кажа и имаше соошптение од партијата дека нема такво возило. Во однос на информациите кои ги имам, тоа го знам, сега ако го докажат спротивното,тоа е друга работа.Нека докажат, гледајќи ги секој ден како повторуваат исти реченици, не верувам дека ќе докажат, рече поранешниот министер за транспорт. Бочварски додаде дека тоа е партиско возило на СДСМ.
Владејчката ВМРО-ДПМНЕ во меѓувреме продолужва со обивнувањата за лидерот на СДСМ Венко Филипче и неговата наводна поврзаност со фирмата од која ЕСМ од 20022 до 2024 година набавувала јаглен по три пати поскапа цена од вообичаената. Од таму тврдат дека Филипче вози џип Ауди Q8 купен токму од газдата на таа фирма.
