Боцевски: Сакаа крв да падне, сакаа во црно да ја завијат Македонија
Поранешниот амбасадор и вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски вели дека ова лето ќе биде запаметени како лето во кое македонскиот народ повторно си ја зема државата во свои раце.
Тој кажа дека државниот врв преговарал со Софија, а лажеше дека не преговара и резултат на тоа е францускиот предлог.
Боцевски кажа дека пред себе гледа три знамиња, и луѓе од повеќе националности.
„Се обидоа да не разбијат и скршат. Се сеќаваме завчера кога ни ги уфрлија оние со качулките, се сеќаваме што направија вчера, кога на нас потегнаа пиштоли, сакаа крв да падне, сакаа во црно да ја завијат Македонија и од овде мора да порачаме дека одговорноста за овие настани е кај Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, кај Бујар Османи“, изјави Боцевски.
Вели дека нема промена на македонската историја, а јазикот ќе си го браниме. Боцевски кажа дека Уставот е последна црвена линија. Најави дека утре ќе има блокади во целата држава во 13 часот. Граѓаните ќе бидат информирани каде ќе бидат блокадите.
