Економија, финансии, бизнис

Контакт

Боцевски: Пендаровски е мој претседател и никој нема право да му се заканува

Боцевски: Пендаровски е мој претседател и никој нема право да му се заканува

Амбасадорот Ивица Боцевски застана во одбрана на претседателот Стево Пендаровски, кон кого бугарскиот евопратеник Ангел Џамбаски упати закани. 

Боцевски вели дека никој нема право да му се заканува на претседателот. 

„Стево Пендаровски е мој претседател и никој нема право да му се заканува со убиство. И покрај сите мои политички разлики со Стево Пендаровски, кои за многу суштински прашања за државата се и повеќе од непремостливи, денеска ми е должност да застанам зад шефот на македонската држава и врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија“, напиша на својот Фејсбук-профил амбасадорот Ивица Боцевски.

Ги повика сите македонски, бугарски и европски државни институции да ја осудат оваа изјава, но веднаш да реагираат и сите правосудни органи.

Инаку, Пендаровски побара власта да забрани влез на Џамбаски и неколку други лица од Бугарија, по што Џамбаски спомена атентат која се случил во минатото, го поврза тоа со ставот на Пендаровски и рече дека ќе дојде во Скопје на 4 февруари, по повод роденденот на револуционерот Гоце Делчев. 

Полицијата најави соодветен одговор по заканите кон претседателот. Бугарија се заканува дека ќе стави вето на преговорите на Македонија со Европската Унија (ЕУ). 

Слично

Поврзани вести