Боцевски најави дека од утре ќе има блокади низ цела држава
Утре ќе има едночасовна блокада низ цела Македонија од 13:00 до 14:00 часот.
Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски го соопшти ова вечерва пред присутните на протестот „Ултиматум – НЕ Благодарам“. Сепак, засега нема детали каде точно ќе има блокади, но Боцевски вели дека граѓаните ќе бидат информирани.
„Ве повикуваме, утре ќе ве информираме каде ќе бидат и како ќе течат блокадите. Ќе ја блокираме цела Македонија, додека нашите храбри пратеници се борат во Собранието за нашите интереси, за одбрана на македонскиот јазик, на македонскиот народ и на македонската држава. Да живее Македонија“, рече Боцевски.
Шест дена по ред има протести против францускиот предлог.
Слично
