Бобан Илиќ доби шест години затвор за случајот со малиот Алмир
Бобан Илиќ обвинет за сообраќајна несреќа со смртни последици во случајот со четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово е осуден на шест години затвор.
Условна казна од шест месеци затвор доби татко на Алмир, Седат Алиу, кој уште со двајца други, во истиот случај беше обвинет за насилство затоа што критичната вечер го нападнале по Илиќ во Здравствениот дом во Куманово.
Пресудата судот во Куманово ја соопшти денеска, а Илиќ не се појави.
Четиригодишниот Алмир Алиу беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година, по банална расправија за ред кај лекар.
Слично
