„БМВ синоќа директно се судри со камион и настана пожар: До утринава обиколницата беше затворена“
Сообраќајна несреќа синоќа предизвика пренасочување на сообраќајот на обиколницата во Скопје.
Дел од медиумите објавија дека доцна синоќа сообраќајна несреќа се случила на обиколницата, по која избувнал пожар, а на лице место биле пристигнати и противпожарна екипа и итна медицинска помош.
ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот на патниот правец Велес –Тетово од клучка Мирковци до клучка Приштина заради случена сообраќајна незгода.
Сообраќајот е нормализиран од 05:30 изутрината.
Според дел од медиумите во сообраќајката, која се случила во близина на Радишани, патничко возило марка „БМВ“ директно се судрило со камион, по што автомобилот се запалил, а има и жртви.
Слично
