Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блокирани системите на граничните премини Горица и Ќафасан

Блокирани системите на граничните премини Горица и Ќафасан

Поради кибер нападот блокирани се системите на граничните премини Горица и Ќафасан. 

Се појавија проблеми со ТИМС системот во Албанија, главно на граничните премини во југоисточниот дел на земјата, на албанско – македонската граница. На граничните премини Горица-Стење, кај Ресен и Ќафасан кај Струга, се работи со рачни регистри, а не со технолошки систем.

Како што пишуваат албанските медиуми на Ќафасан, кој е најфреквентен на границата со Северна Македонија, поради проблемите вработените се принудени да работат со рачни регистри, додека од вчера наутро рачно се работи и на преминот Горица.

Ова е втор кибер напад врз Албанија, по оној на 15 јули врз владините системи. 

фото МИА

Слично

Поврзани вести