Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЛОКИРАНИ АВТОПАТИ и ГРАНИЧЕН ПРЕМИН: Кои патни правци да ги избегнувате?

БЛОКИРАНИ АВТОПАТИ и ГРАНИЧЕН ПРЕМИН: Кои патни правци да ги избегнувате?

Автомото сојузот во деталната состојба на патиштата во земјава предупредува на блокирани и непроодни патишта.

Уште вчера е најавено дека Синдикатот на „Југохром“ ќе го блокира автопатот Тетово - Скопје кај наплатната рампа во Желино од 11 до 13.00 часот.

Блокади од вчера попладне има и на граничниот премин Евзони каде што грчките земјоделци лути на државата поставија трактори и го блокираа сообраќајот.

Сообраќајот не функционира во двата патни правци и за патнички и за товарни моторни возила преку граничниот премин Богородица.

Доколку утрово планирате да одите на пат внимавајте на коловозите кои се влажни, и задолжително носете зимска опрема во вашиот автомобил.

Слично

Поврзани вести