Блокирана сметката на центар за дијализа основан од кумот на Груевски од првиот брак?
Дијализниот центар основан од Ристо Новачевски, кумот на екс-премиерот Никола Груевски од неговиот прв брак, е со блокирана сметка на 10 милиони евра, дознава Нова ТВ од свои извори.
Деветте подружници на Диамед Македонија биле продадени за 10 милиони евра на Монако а потоа парите експресно биле префрлени во Монако, по што македонските надлежни институции ја замрзнале сметката на фирмата.
Фирмата Диамед Македонија е купена од страна на Дијаверум кој со центрите за дијализа ќе оперира до 2034 година.
Засега нема коментари од ФЗОМ, која ги плаќа дијализите на пациентите, и УЈП.
Слично
