Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блокадата била наша: Кој и да е на власт во Бугарија, за Македонија е исто, вели претседателот Радев

Блокадата била наша: Кој и да е на власт во Бугарија, за Македонија е исто, вели претседателот Радев

Бугарија денеска гласа на нови парламентарни избори, а бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека без оглед на тоа кој е на власт односите со Македонија нема да отстапуваат од нивниот национален став. Вели дека дијалгот меѓу Скопје и Софија треба да се одвива во овие два града а не во Брисел, Париз или на друго место. Прашањето му го поставил македонски новинар.

„Очекуваме нашите пријатели, браќа и раководството на државата Република Северна Македонија сами да ја отстранат блокадата. Оваа блокада не е наша. Очекуваме вистински, неповратни и одржливи резултати во нашите односи, така што ќе ги почитувате критериумите од Копенхаген за членство. Да се променат учебниците, ова го очекувавме 4 години откако го потпишавме Договорот во 2017 година. Очекуваме да бидат променети и спомениците со нивните натписи, музеи, јавни медиуми, со цел еднаш и засекогаш да се искорени говорот на омраза сите. Нашите млади луѓе кога ќе паднат границите и ќе се среќаваат – да не се мразат. Ние сакаме да го постигнеме ова, но тоа не зависи од Бугарија. Очекуваме јасни и одлучни активности од вас“, рече шефот на државата на прашањето за блокадата на процесот на европска интеграција на С. Македонија.


Слично

Поврзани вести