Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЛИЗУ 33 ИЛЈАДИ ИСЕЛЕНИЦИ - Статистика тврди дека апликацјата за самопопишување беспрекорно функционира

БЛИЗУ 33 ИЛЈАДИ ИСЕЛЕНИЦИ - Статистика тврди дека апликацјата за самопопишување беспрекорно функционира

Бројот на попишани расте секој ден, соопштија денеска од Државниот завод за статистика. 

„Оваа прва седмица од најголемата статистичка операција се попишани 32.752 лица од дијаспората. Иселениците можат да се самопопишат до 21 април“, велат од ДЗС.

Додаваат дека државниот завод за статистика секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено.

„Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат“, потенцираат од Државниот завод за статистика. 

Слично

Поврзани вести