БЛИЗУ 144 ИЛЈАДИ - Иселениците решија да не бојкотираат и да се пребројат
Државниот завод за статистика на дневна основа информира за бројот на самопопишани наши иселеници.
Велат дека во последното деноноќие се самопоишале нови 6.600 граѓани од дијаспората.
„Податоците покажуваат дека за 25 дена, откако започна самопопишувањето на македонските иселеници во странство, 143.755 граѓани ја искористиле можноста да се регистрираат во електронската апликација достапна на popis2021.stat.gov.mk и census2021.stat.gov.mk.
Бројот на оние кои ја користат оваа можност да го потврдат своето потекло продолжува секојдневно и трендот е во нагорен раст. Ги повикуваме сите наши државјани кои по која било основа живеат или престојуваат во странство, имаат македонско државјанство и единствен матичен број на граѓанинот, да го остварат ова право, а сè со цел да покажеме колку сме и каде сме и што татковината може да направи за нив“, се вели во денешното соопштение од ДЗС.
