Блиску сме до карантин?
Доколку се исполнат болничките капацитети со пациенти, во тој случај ќе биде предложен карантин, изјави министерот за здравство Венко Филипче, во вестите на Канал 5.
Тој појасни дека болничките капацитети забрзано се исполнуваат, па за прв пат и одделението во Кавадарци се користи за згрижување пациенти со Ковид-19.
Меѓу болниците во Прилеп и Битола се менаџира, а и другите болници се исполнуваат.
Според Филипче, на располагање се модуларните болници, а ко се наполнат и тие, тогаш ќе мора да се воведе карантин, смета Филипче.
Во последното деноноќие имаме 408 заразени со коронавирусот и 4 починати.
Скопје има дури 227 нови заразени, а бројот на активни е 2.751.
Слично
