Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЛИСКИТЕ ВО ОЧАЈ: По социјални мрежи се бараат лица кои биле во дискотеката во Кочани!

БЛИСКИТЕ ВО ОЧАЈ: По социјални мрежи се бараат лица кои биле во дискотеката во Кочани!

На социјалните мрежи денеска излегуваат фотографии oд млади луѓе за кои се тврди дека биле во дискотеката Пулс во Кочани каде изби пожар и загинаа десетици луѓе. Луѓето одат и во болниците и бараат информација за најблиските. 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани е веќе на терен, а дополнително, кон градот се упатени и претставници од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

На социјалните мрежи се шират апели за помош за настраданите во пожарот во Кочани.

Неофицијално им недостасува, вода, физиолошки раствори, ќебиња и крв од различни групи!

Се смета дека употребата на пиротехника придонела за појава на пожарот. 

Слично

Поврзани вести