Блерим Река „го откачил“ Пендаровски
Блерим Река добил покана од новиот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, да биде надворешен советник во неговиот кабинет, но професорот одбил формален ангажман, беше објавено денеска откако во јавноста излезе списокот на ангажираните лица во Вила Водно.
Река беше еден од тројцата кандидати за претседател на Македонија, покрај Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, но отпадна во првиот круг со безмалку 80.000 освоени гласови.
Пендаровски често избегнуваше жестоки расправии со Река во неколкуте ТВ-дебати за време на претседателската кампања.
Слично
