БЛЕРИМ БЕЏЕТИ СТАНА ПРАТЕНИК: Кој ќе раководи со Сарај?
Иљал Весели до локалните избори ќе раководи со Општина Сарај, објави Блерим Беџети.
Беџети кој се повлече од функцијата градоначалник откако му беше верификуван пратеничкиот мандат, денеска oбјави дека со Општината до локалните избори в година ќе раководи Весели, советник во Советот на Општина Сарај.
„Му упатив честитки на Иљас Весели за мисијата што ја презеде. Исто така, изразив подготвеност за безрезервна поддршка, со единствена цел Општина Сарај да ја одржи динамиката на реализација на проектите кои се од интерес за сите жители на нашата општина“, информира Беџети на својот Фејсбук профил.
Според новото законско решение од новата владејачка коалиција во Собранието на Македонија, наместо да се организираат избори во општините каде градоначалниците станале пратеници или ќе заминат во новата влада на мандатарот Христијан Мицкоски, до изборите во декември идната година функциите ќе ги вршат в.д.градоначалници.
