Блерим Беџети: Нема ништо негативно во картата од Сопот
Организациониот секретар на ДУИ, Блерим Беџети, вели дека нема ништо лошо во поставената гранитна табла со голема Албанијан во кумановско Сопот, која пред една недела беше промовирана од Али Ахмети, а потоа беше тргната по негативните реакции во јавноста.
Ахмети ја покажа таблата како дел од Меморијалниот комплекс, додека и Беџети смета дека секој има право на сопствен фамилијарен имот да одбележува што сака.
„Јас гледам и други мапи, тоа е дел од историјата и така ги глкедам работите, не треба да се пуштаме во поединечни случаи и д аработиме за подобро на граѓаниме. Има официјални институции за тоа.
Што има негативно? Во кој став е побарано да се подели државата. Македонци тоа го побарале, Албанци не. Гледам коректно на работите. одредено движење кое се борело во историјата и предвидувало каде живеат Албанци. Имало и карти до Пирин , до Солун, секој може да извади карти.
Историјата на Балканот е сплеткана, што сите ако влеземе ќе се сплеткаме, треба да бидеме коректни едни према други. Тоа не е прогласен од ниедна институција како музеј. Сум бил сам таму, не на свеченоста, туку приватно во друга прилика, Тоа е во приватна сопственост. Не треба да се гледа со страв ако еден настан од историјата се одбележува од Албанците, рече градоначалникот на Сарај.
