Блек Хок гаси кај село Подареш: Повторно се разбуди кракот кон радовишко
Повторно се разбуди кракот од Готен кај село Подареш, во околината на Радовиш.
„Дејство на Блек Хок-от врз кракот пожарот над радовишкото с. Подареш - кој штотуку се разбуди“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Претходно овој чешки хеликоптер гаснеше од страната на Берово, ставајќи го под контрола овој крак од Готен. И словенечките екипи помагаат за гасење на пожарите.
фото ДЗС
Слично
