БЛАЖЕВСКИ, ЦВЕТКОВИЌ И ЃУРЧЕВСКИ СЕ ИДНИТЕ АМБАСАДОРИ - еве кои се места ќе бидат променети
Промена на дел од амбасадорите кои ја претставуваат нашата земја во светот се најавува од владини извори.
Покрај Игор Николов, истакнат нефрологот кој преминува во дипломатија преку владин предлог и се спрема за нов амбасадор во Франција, предложени се уште тројца нови амбасадори за Украина, Јапонија и Хрватска.
Извори од Владата потврдуваат дека за амбасадор во Украина е предложен Димитар Блажевски, за амбасадор во Јапонија, Андријана Цветковиќ и за амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски.
На вчерашната владина седница донесена е и одлука за почнување на постапка за отпвикување на девет актуелни амбасадори. Меѓу нив се амбасадорката во Бугарија, Агнеза Руси-Поповска, во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, во Белгија - Методија Белевски, амбасадорката и постојана претставничка на Северна Македонија при Советот на Европа, Светлана Гелевева, како и амбасадорот и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, Пајо Авировиќ.
На оваа листа се и амбасадорите во Босна и Херцеговина – Јакуп Реџепи, во Чешка – Емил Крстевски, во Шведска – Џенк Сејфила,како и Катерина Ставреска, амбасадор во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. б
