Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блажески: Транспарентот за Љубчо Георгиевски е нечие слободно мислење

Блажески: Транспарентот за Љубчо Георгиевски е нечие слободно мислење

 Дино Блажески, предводникот на младинската организација на ВМРО Народна за Цивил изјави дека нивни активисти не стојат зад поставувањето на неодамнешниот транспарент „ВМРО е таму кај што е Љубчо“ пред седиштето на ДПМНЕ во Скопје. За оваа герила акција Блажевски вели е дека нечие изразување на слободна мисла и дека полека и во ДПМНЕ ќе има ослободување од стегите.

„Може било кој да го постави тој транспарент, бидејќи членството на ВМРО-ДПМНЕ по малку се ослободува од стегите на претходната гарнитура. Не ја исклучувам и можноста да е некој надвор од партијата, има почитувачи на работата и делото на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски“, додава Блажески.

Тој позитивно го оцени и изборот на Христијан Мицкоски за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ и очекува поголеми промени во самата партија.

„Добро е тоа што ќе има ослободување од стегите кои ги постави тогашната матрица.  Сега очекувам да има понекомпромитирани лица, бидејќи и новиот лидер не е компромитиран и нема некаков товар. Ќе мора да се консолидираат внатре во партијата и да излезат како силна опозиција, бидејќи во моментов како да не постои опозиција“, истакна Блажески.


Слично

Поврзани вести