БЛАГОЈЧЕ Е ЖРТВА НА СИСТЕМОТ: Асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 часот ќе бидe пред Владата
Пациентите од Асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 часот ќе бидат пред Владата.
„Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек! Заради ова, асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 часот пред Влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот трикафта“, соопштија вечерва од Асоцијацијата.
Најтешко болниот пациент од реткото заболување цистична фиброза, Благојче Илиевски, почина.
Слично
