Благоја Алексовски: Да се вратат рестриктивните мерки и секој да се вакцинира без термин
Епидемиологот Благоја Алексовски побара да се вратат дел од старите рестрикции од страна на здравствените власти во пресрет на експанзијата на делта сојот на Ковид-19. Еден од неговите предлози е вакцинацијата да се одвива без термин, односно кој сака, да отиде да ја прими, со цел да се зголеми имунизацијата.
- Со актуелните мерки младите се групираат во затворен простор. Треба да се укинат некои од олеснувањата и да се вратат рестриктивните мерки за да не се најдеме во ситуација наеднаш да имаме голем пик што ќе значи тешка ситуација за државата и здравствениот систем, рече Алексовски во вестите на Телма.
Тој додаде дека со навремени рестриктивни мерки ќе се заштитиме од ширењето на делта варијантата, а на граѓанинот ќе му се даде можност со примање на две дози да створи добар имунитет и да биде отпорен.
