Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Благодарна сум за се што имам“: Ременски со емотивна објава и со голем повод

„Благодарна сум за се што имам“: Ременски со емотивна објава и со голем повод

Поранешната пратеничка и министерка за труд и социјална работа, Фросина Ременски, која е и Генерален конзул на Северна Македонија во Венеција и редовен професор на Факултетот за безбедност, денеска со посебно емотивна објава, но поводот не е само празникот Прочка, туку многу поемотивен настан.

- Денес кога полнам 49 години имам една желба што си ја повторувам секоја година - да сум жива, здрава и среќна заедно со моите три срциња- сопругот Јовче, синовите Петар и Никола; мојата мајка и сите мои блиски и драги, незаменливи пријатели.

Стареењето го сфаќам како процес на созревање (во секоја смисла) и поттик за задржување на младешкиот дух што не' држи духовити, витални и храбри да се радуваме на сите успеси и да ги совладуваме сите препреки и предизвици. Моите години ми донесоа многу радост, љубов, успеси и храброст за одење само напред.

Благодарна сум за се' што имам, и посакувам радост и успеси на сите што ме познаваат и ме почитуваат ! - напиша Ременски. 

Но, таа исто така не заборави да го одбележи големиот христијански празник Прочка. 

- ПРОЧКА - Ден за простување на волни и неволни прегрешенија, барање Прочка од блиските и молитва кон Бога за простување, спасение и надеж дека со стареењето стануваме подобри, почовечни, помудри и посвесни за љубовта и грижата кон Ближниот свој. Простете и просрено нека е од Бога. Благодарам за сите убави честитки и желби. Ги возвраќам двојно - истакна на крајот од објавата. 



Слично

Поврзани вести