Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БЛАГОДАРЕНИЕ НА ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧЕН, ОПАСНОСТА ОД ПРИТВОРИ ПОВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ“: Ване Цветанов за еден месец се враќа во Македонија, откако избега во Германија

„БЛАГОДАРЕНИЕ НА ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧЕН, ОПАСНОСТА ОД ПРИТВОРИ ПОВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ“: Ване Цветанов за еден месец се враќа во Македонија, откако избега во Германија

Поранешниот функционер Ване Цветанов, се огласи на Фејсбук. Вели дека ќе се врати во Македонија.
„Благодарност до сестра ми и зет ми за огромната поддршка за време на моето азилантско патешествие во Германија. Благодарение на измените на КЗ, опасноста од притвори повеќе не постои, па за еден месец се враќам  во Македонија“, напиша Цветанов на Фејсбук.
Цветанов кој беше и сопруг на поранешната мис на Македонија Дунавка Трифуновска избега од Македонија откако во јануари годинава против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 илјади евра. Бегството самиот го пријави  во телевизиско интервју за бугарската телевизија „Нова“ во април.



Слично

Поврзани вести