Економија, финансии, бизнис

Контакт

Благица Ласовска загрижена за Вељаноски доколку отиде во притвор во Шутка

Благица Ласовска загрижена за Вељаноски доколку отиде во притвор во Шутка

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, изрази загриженост за безбедноста на поранешниот собраниски претседател, Трајко Вељаноски, за чиј имунитет се расправа. 

Таа е загрижена за неговата безбедност ако биде притворен, по инцидентот во Шутка.

„Како ќе го пратиме Трајко Вељаноски таму? Има нови закани од затворени лица во Шутка, викаат: ‘Ги чекаме политичарите!'”, рече таа.

Ласовска рече дека нема опасност од бегство и влијание врз сведоци од страна на Вељаноски. 

„Не се мачете, симнете ни го имунитетот на сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, не правете шаради“, рече Ласовска.

Екс спикерот е осомничен дека учествувал во организирање на упадот во Собранието на 27 април 2019 година. 

Слично

Поврзани вести