Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блацион: JO Бургас соопшти дека не се работи ниту за опасен ниту за токсичен отпад

Блацион: JO Бургас соопшти дека  не се работи ниту за опасен ниту за токсичен отпад

Блацион ЕООД се јавија со демант во врска со информациите што деновиве протекоа во дел медиумите за увоз на отпад од Италија во Бугарија. 

„Утринава од Јавното Oбвинителство на Бургас соопштија дека по извршените контролни анализи на предметниот отпад категорично тврдат дека не се работи ниту за опасен ниту за токсичен отпад. Друштвото Блацион е Посредник, а не производител на отпадот и за тоа поседува соодветна Лиценца. Производителот на отпадот е тој кој е одговорен за квалитетот на отпадот и одговара за тоа како го декларирал“, стои во демантот. 

Категорично ги демантираат сите други шпекулации со кои се поврзува компанијата во врска со овој случај и натаму нема да толерираат дезинформации кои го уриваат реномето на компанијата и затоа ќе превземат соодветни правни мерки. 

Слично

Поврзани вести