БЈБ и УБК со нови директори, ова се најсериозните кандидати
За директорското место во УБК во игра е Горан Николовски. кој има долга кариера во министерството и во Управата за безбедност и контраразузнавање, додека пак за наследник на Митко Чавков во БЈБ се очекува да биде поставен Лазо Велковски кој кратко беше на чело на овој оддел во времето на премиерот Хари Костов.
Именувањето на новите предводници на Бирото за јавна безбедност и Управата за контраразузнавање треба да финишира денес на владина седница.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека има одлука кои ќе бидат новите директори и очекува да бидат комплетирани најважните раководни функции во МВР.
„Имаме одлука кои ќе бидат, на седница на Влада ќе ги доставам во моментот кога ќе сметам дека треба да ги избереме, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
Поставувањето на директори во МВР беше најавено уште на владината седница во вторникот, но тогаш беше именуван само државен секретар за министерството. Магдалена Несторовска е именувана за државен секретар, а претходникот на Спасовски, Агим Нухиу ќе остане како заменик министер во МВР.
