„БИЗНИСОТ“ СО МИГРАНТИ УШТЕ ЦУТИ - Полицијата во Ваксинце улови 81 мигрант
„Бизнисот“ со крумчарење мигранти не претстанува да цути во земјава.
Дури 81 мигрант открила Полицијата утрово во кумановското село Ваксинце, општина Липково. Минисерството за внатрешни работи соопшти дека сопственикот на објектот Н.А. (50) е приведен, а мигрантите се пренесени во прифатниот центар Табановце.
Според Полицијата, акцијата ја извршиле полицајци од СВР Куманово и Единицата за специјални задачи, по судска наредба и претходни сознанија дека таму има мигранти. Мигрантите се од Блискиот Исток, а меѓу нив имало 19 деца.
Полицијата, како што соопшти, ќе поднесе кривична пријава потив ова лице до надлежното обвинителство.
„На 26.10.2019 околу 05.15 часот бил приведен Н.А. (50) од с.Ваксинце, општина Липково, поради тоа што при претрес во објект во негова сопственост во село Ваксинце, пронашле 81 мигранти (од нив 19 се малолетни лица) од земјите од Блискиот Исток. Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар Табановце. По документирање на случајот, против Н.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство“, се вели во соопштението од МВР.
