Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисмените може да здивнат, државата им ги врати парите

Бизнисмените може да здивнат, државата им ги врати парите

Долгот кон стопанството по основ на поврат на ДДВ и за извршените услуги кон државните институции е подмирен, денеска информираше премиерот Никола Груевски. Тој исто така истакна дека во иднина Владата ќе се потруди да нема доцнење при исплатата на своите долгови.

Денеска, изјави Груевски, можам да информирам дека во петокот го повикав министерот за финансии да го прашам дали оваа операција е завршена.

„Тој ме информираше дека во целост се елиминирани доцнењата на плаќањата по основ на поврат на ДДВ и на услугите кон компаниите. Така што и ова прашање кое минатата година ја засегаше македонската економија е надминато онака како што ветивме“, нагласи Премиерот.

 На средината на септември минатата година, кога почна акцијата на отплата, обврските по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи изнесуваа 92 милиони евра, од кои последните 10 милиони беа вратени кон крајот на февруари годинава.

Слично

Поврзани вести