Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗНИС: Очекувала просечна плата, а добила многу повеќе

БИЗНИС: Очекувала просечна плата, а добила многу повеќе

Да се биде претприемач во Србија воопшто не е лесно, посебно ако системот ве дефинира како ранлива категорија и спаѓате во постари од 45 години. 

Во оваа категорија спаѓа Наташа Делибашиќ. Вели дека откако останала без работа била збунета и немала знаење за почнување сопствен бизнис, пишува Bizlife. 

„Останав без работа во многу незгодни години за жена, плус 45 и неколку години лутав и се губев во плановите што да работам. Одев на разни обуки, психолошки работилници, разни претприемачки саеми. Кога ќе ви кажат дека решението ви е пред очи, обично не верувате така лесно, дека е така“- вели оваа жена. 

Денес таа е сопственик на Fruit Fusion, компанија која се занимава со производство на овошно - енергетски производи. 

Идејата ја добила од самата себе затоа што е активна и е рекреативец. 

„Сакам природна, што помалку обработена храна, затоа што ме прави посилна и повитална“ - додава  Делибашиќ. 

Неповратно добила 350.000 динари за да почне со работа, откако ја поминала селекцијата. 

Се соочила со мнгоу проблеми од амбалажа до продажба, правела и многу грешки. 

Но, најголем проблем за неа била цената затоа што едно парче чини 100 динари, а во малопродажба се среќаваат и по 150 динари. 

Слично

Поврзани вести