„Бизнис“: Атрактивни локации за хотели во Скопје по смешни цени?
Откако македонската Влада одлучи државното градежно земјиште за изградба на хотели да го продава по почетна цена од едно евро за метар квадратен, локалните бизнисмени и странски компании побрзаа да купат што е можно повеќе слободни локации, пишува хрватскиот портал Бизнис, кој истакнува дека ако се почнеше навреме со изградба, во Скопје веќе требаше да има најмалку десет нови и луксузни хотели.
„За сега локациите сеуште се празни и чекаат за нивните инвеститори. Ако се земе предвид дека голем дел од продаденото државно земјиште за хотели се наоѓа на мошне атрактивни локацији, а се продаваше по багателни цени, како на пример цела парцела за само 20 илјади евра, логично е тогаш прашањето дали навистина во Скопје ќе се градат хотели или со тек на време, локациите ќе се пренаменат за изградба на други видови комерцијални или станбени објекти“, пишува хрватски Бизнис.
Слично
