Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗНИС: Има 26 години, а се занимава со работа како и неговиот чукун дедо

БИЗНИС: Има 26 години, а се занимава со работа како и неговиот чукун дедо

Милош Петров(26) кој живее во Борче, на 20 км од Белград решил да се занимава со бизнис како и неговиот дедо и чукун дедо. 

Тој се занимава со пчеларство, одгледување на пченка, соја, пченица и сончоглед. 

„Нашата работа трае сигурно два века, но секогаш не сме имале толку земја. Мојот прадедо, татко и јас работевме и го стекнавме она што сега го имаме“ - вели таткото на Милош, Небојша. 

Милош уште од 20 години почнал да се занимава со земјоделство. Вели дека тој  е еден од ретките кои  се интересираат за оваа дејност. 

„Овде многу се работи, има многу вложувања и одрекувања. Колку повеќе земја имам, толку повеќе и работа имам“ - вели Милош. 

Овој млад човек додава дека го жртвува своето слободно време за да има поголем профит. 

Слично

Поврзани вести