БИЗНИС ФАЦИ 2013, Ајдован Адемовски: Гради хотели и трговски центри како да сложува ЛЕГО коцки!
Го отвори трговскиот центар Капитол, ја почна изградбата на хотелот од познатиот светски ланец Хилтон. За турскиот бизнисмен со македонско потекло Ајдован Адемовски, 2013-та беше успешна бизнис година. Лани на 12-ти декември го промовираше отворањето на новиот трговски центар, Capitol Mall & Residence, во скопската населба Аеродром. Инвестицијата за трговскиот центар е 30 милиони евра. Се простира на површина од 33.500 метри квадратни, од кои 12.500 метри квадратни се шопинг центар а 6.000 м2 односно горните четери спрата, се резиденцијален дел. Под објектот на три нивоа има паркинг простор со површина од 15.000 м2. Свеченото отворање на трговскиот центар беше проследено и од политичката елита.
Минатата година кон крајот на месец април, во скопската населба Аеродром, ги удри темелите на познатиот хотел од ланецот Хилтон. Хотелот кој се гради со полна пареа, ќе биде со капацитет од 170 соби, 6 конференциски сали и спа центри. Сити Плаза и Стоун бриџ, се компаниите инвеститори, а изградбата ја врши Pera Constuction, македонско-турска фирма вокоја што Адемовски е еден од партнерите.
Турскиот бизнисмен и е познат на јавноста како застапник на франшизите на познатите турски брендови за бела техника Beko i Arcelik, модните брендови Koton, Roman, Sarar и Casharel, а неговата градежна компанија ги градеше објектите на повеќе странски гринфилд инвестиции во Македонија.
Адемовски во моментов важи за еден од најмоќните бизнисмени во земјава, кој има донесено неколку турски инвестиции, како што се шопинг моловите Рамстор, аеродромскиот оператор ТАВ, млечната индустрија Суташ.
Слично
