БИЗАРНА НЕСРЕЌА СО ПОВРЕДЕНО БЕБЕ - автомобил излетал од пат, паднал на пруга и го удрил воз
Бизарна сообраќајна несреќа се случила вчера вечерта на железничката пруга Градски-Велес.
Во неа се тешко повредени дваесет и двегодишен кумановец, како и тримесечно бебе.
Повредите ги добиле бидејќи во нивниот автомобил удрил товарен воз.
Но, еве како се случил настанот.
Според информациите од МВР, автомобилот претходно излетал од патот и паднал на пругата, па потоа во него удрил товарен воз.
Во автомобилот, покрај 22-годишниот возач и бебето, биле и тројца сопатници. Сите веднаш биле пренесени во Медицински центар Велес, при што кај возачот Б.Д. и бебето биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останатите сопатници се констатирани телесни повреди.
Во периодот од 19.05 до 23.40 часот, за време на вршење на увидот, железничкиот сообраќај бил во прекин.
