Битолски ученици се сретнаа со финансиерот на бугарските клубови
Битолски ученици кои биле истомисленици на бугарскиот клуб ,,Иван Михајлов” заминале во бугарскиот главен град Софија на предавање и разговор со Милен Врабовски.
Станува збор за дводневна посета. Младите се истомисленици на бугарскиот културен клуб ,,Иван Михајлов” во Битола и дел од долгогодишната програма на Фондацијата Бугарска меморија за градење на добрососедски односи- пишува на страницата на фондацијата, на чие чело е Милен Врабовски, човекот кој ги финансира бугарските клубови во Битола и Охрид.
Фондацијата го организирала и празникот на бугарската армија на Воениот споменик во Ново Село, донирала за библиотека во Охрид и слично. Се споменуваше и дека во Богданци ќе се отвори бугарски клуб. Отворањето на овие клубови поттикна протести. Во соседна Бугарија во Благоевград денеска се отвора македонски културен клуб именуван по поетот Никола Вапцаров.
