Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА СО НОВО РАКОВОДСТВО - Елизабета Ивановска го презема кормилото

БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА СО НОВО РАКОВОДСТВО - Елизабета Ивановска го презема кормилото

Докторката Елизабета Ивановска е нова в.д. директрка на Клиничката болница во Битола. Таа е именувана со решение на министерот за здравство Фатмир Меџити по денешната оставката од страна на досегашниот директор, доктор Александар Обедниковски. 

Д-р Елизабета Ивановска, супспецијалист пулмолог, во претходниот период била началник на Интерното одделение.

По двата трагични случаи во Клиничката болница во Битола, во кои починаа шестгодишното девојче Јана, а деновиве и новороденче, односно бебе кратко по раѓањето, директорот на Клиничката болница, д-р Александар Обедниковски ја достави својата оставка.

Фактор веќе објави дека по неполна година дена, Обедниковски ја напушта директорската функција, како што вели од морални причини бидејќи во последниве три недели таму се случија два немили настани, две големи трагедии кои силно ја вознемирија македонската јавност.

Сè уште се чекаат резултатите од обдукцијата на шестгодишната Јана, која на 22.март почина само четири часа откако беше примена на Детското одделение, по дадена инфузија. Во битолската болница во неделата почина новороденче, само два часа по раѓањето.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести