Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битолчани викендов многу повеќе пиеле и возеле од скопјани

Битолчани викендов многу повеќе пиеле и возеле од скопјани

Битолчани викендов многу повеќе возеле пијани за разлика од скопјани. Таков заклучок барем може да се изведе од билтенот на Министерството за внатрешни работи. Или, пак, во Скопје полицајците едноставно немале среќа да накетаат на пијани возачи.

Имено, на подрачјето на Битола викендот дури 29 возачи биле фатени како возат под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, за разлика од Скопје, каде што бил уловен еден пијан возач.

„Полициски службеници од СВР Битола за време на викендот (21/22/23.02.2020) извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека 29 возачи биле под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, 13 возачи управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, брзината ја надминале 10 возачи, 11 возила биле нерегистрирани, на мобилен разговарале осум возачи, сигурносен појас не користеле девет возач. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

Во текот на изминатитe денови (21, 22 и 23.02.2020) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај се исклучени: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е и еден возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница. Во текот на изминатите денови 119 возила се подигнати со специјално возило „пајак"“, соопшти МВР.

Слично

Поврзани вести