Битолчани се откажаа, ќе се бара друга фирма да прави кафуле на Триумфалната порта
Фирмата која беше избрана на тендерот за да отвори угостителски објект на Триумфалната капија во Скопје се откажала непосредно пред потпишување на договорот. Се работи за фирма од Битола, која беше избрана од втор обид, објаснуваат од Музејот на македонска борба за државност и самостојност, кој управува и со овој објект од проектот „Скопје 2014-та“.
„Избраната фирма се откажа во последен момент пред потпишување на договорот, но не знаеме од кои причини. Сега чекаме да поминат изборите за да објавиме нов тендер“, велат од Музејот.
На тендерот ќе се бара нова фирма која сака да отвори кафуле на Триумфалната порта, а надлежните се надеваат дека скопјани ќе имаат можност да пијат кафе на терасата на врвот на овој објект најдоцна во јули.
Слично
