Битолчанец загина во сообраќајна незгода
Повозрасен битолчанец го загуби животот во сообраќајна незгода која се случила вчера на улицата „8 Септември“.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во СВР Битола, вчера во 12:30 часот било пријавено дека на ул. „8 Септември“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода” со битолски регистарски ознаки, управувано од К.П.(71) од Битола и патничко моторно возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(60) од Битола.
- Возачот К.П. починал, а смрт констатирал доктор од Клиничка болница Битола. Увидот во присуство на јавен обвинител го изврши увидната екипа на СВР Битола - се наведува во билтенот.
Слично
