Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 53-годишен битолчанец за разбојништво, откако на 15 декември, во казино на „Широк Сокак“ со закана со секира од вработена во казино барал да му се вратат парите, односно 8.600 денари кои ги изгубил играјќи на слот машините.

„Изнервиран поради изгубените пари, почнал да замавнува кон оштетената со секирата која ја донел со себе и ја извадил од под јакната.  Таа исплашена од однесувањето на осомничениот извадила од касата 8.600 денари и му ги дала, по што тој си заминал од казиното.

Имајќи го предвид поведението на осомничениот и неговата претходна осудуваност, јавниот обвинител оцени дека постои висок ризик тој да го повтори делото или да се обиде да го избегне кривичниот прогон, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, соопшти ОЈО Битола.


Слично

Поврзани вести