Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битолчанец ограбил накит од 31.500 евра додека сопственикот на продавницата го услужувал

Битолчанец ограбил накит од 31.500 евра додека сопственикот на продавницата го услужувал

Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка против 31-годишен битолчанец з атешка кражба откако од продавница  ограбил накит и други вредни предмети додека сопственикот го услужувал.

„Постои основано сомнение дека на 29 јуни тој влегол во златарница на булеварот „1 Мај“ во Битола и започнал да разговара со сопственикот. Искористувајќи го моментот додека оштетениот бил наведнат позади пултот, осомничениот на дрзок начин одзел златен накит со вкупна тежина од околу 330 грама (златни прстени, ланци, обетки, стари пари) со проценета вредност од околу 16.500 евра, како и повеќе парчиња други вредни предмети во вредност од околу 15.000 евра. Потоа веднаш со трчање го напуштил објектот на златарницата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од значителна вредност“, објави ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и на битолчанецот му е одреден притвор од 30 дена.

Слично

Поврзани вести