БИТОЛЧАНЕЦ „ЛЕТАЛ“ СО 197 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - уапсен е за „безобѕирно“ возење
Приведен возач од Битола поради возење со преголема брзина. Триесетгодишниот маж возел со брзина од 197 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час, соопштија од МВР.
- На 14.07.2025 во 18.10 часот, на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Р.( 29) од Битола.
При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час.
Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против С.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“ - се посочува во објавата на МВР.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/МВР
