Битолчанец крадел во маркет во Прилеп, надвор го чекала полиција
Битолчанец бил уапсен од полицијата откако бил пријавен за кражба во маркет во Прилеп, објави МВР во полицискиот билтен.
„На 28.12.2024 година во 09.30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Методија Шаторов Шарло“ пред маркет го лишиле од слобода М.Ф.(70) од Битола бидејќи истиот бил фатен при извршување на кражба од маркет. По документирање на настанот против М.Ф.ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира СВР Битола.
Украденото било вратено на сопственикот, а по документирање на настанот против М.Ф.ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
