Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битолчанец бркал полицајци, ги навредувал и сакал да ги натепа

Битолчанец бркал полицајци, ги навредувал и сакал да ги натепа

Битолчанец претерал со своето поведение откако направил неколку прекршоци во низа, а меѓувремено навредувал и нападнал полициска екипа која сакала да го сопре. Станува збор за битолчанец на возраст од 53 години кој со мотор возел во спротивен правец на улицата „Цар Самоил“ во Битола, во која сообраќајот е еднонасочен. Во истиот момент и полициски службеници со службено возело поминувале по улицата и кога го зебележале мотоциклистот го предупредиле дека се движи во забранета насока.

Тој им одговорил со висок тон, по што полицајците застанале да го легитимираат и да го отстранат од сообраќајот.

Возачот не ги послушал наредбите, го стартувал мотоциклот и побегнал, повторно во спротивен правец. Полициските службеници продолжиле со движењето, но во еден момент мотоклицистот се појавил зад нив и почнал да вика да застанат, ги навредувал и ги омаловажувал, заканувајќи им се по животот. Тие го сопреле возилото и излегле, повторно се легитимирале и побарале од лицето документ за идентификација.

Возачот одбил да се легитимира, велејќи дека и тој е полицаец и физички ги нападнал полициските службеници, кои успеале да ги избегнат ударите. Го задржале лицето до доаѓањето на интервентната екипа, по што било приведено.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно расветлување и документирање на настанот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.


Слично

Поврзани вести